ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се усогласи самиот со себеси дали сака или не лидерска средба

Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби откако на 13 август го додели мандатот на Зоран Заев без доказ за поседување на парламентарно мнозинство по што ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Претседателот на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува соопштението на партијата:

„Потоа таквото губење на кредибилитет го потврди и со низа скандали врзани со неговото работење, како на пример она сведоштво на Реисот кој објаснува на кој начин е избран Пендаровски поточно според негова изјава со пари и земја кои му биле ветувани. Еве недели поминаа од таа изјава и нема никој од обвинителство кој го повика поранешниот Реисот да ги истражи овие обвинувања.

Аналогно на замрзнатите односи, средба кај Пендаровски кој остана без кредибилитет, кој е без свој став, или го следи ставот на Заев не прифаќаме бидејќи споредено со искуството кое го имаме од минатото, многу лесно договореното се преиначува, а Стево редовно се “пере” од својата одговорност.

Оттука бараме средба со лидерите на партиите од власта и опозицијата на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија, поточно ветото и што се е на маса, бидејќи јавноста и опозицијата е целосно исклучена од овој процес. Потоа да се дискутира за исклучително лошата состојба со корона кризата, како и потребата за широка влада наметната од тоа што по сериозните дебакли владата го загуби кредибилитетот да говори и работи за овие прашања, како преоден период до избори.

Кога прв пат побара ВМРО-ДПНЕ  лидерска Заев рече “немам што јас да се среќавам со Мицкоски”. Потоа уште два пати Заев одбиваше лидерска средба. Она што се смени во меѓувреме е потрошеното време и ветото за државава што е жесток шамар за владата кој Заев смешно и неосновано сака да го прикаже како неуспех кој не зависел од владата. Ова го споменуваме не само да кажеме дека Заев го променил ставот, туку и да ја посочиме мудроста некогаш предвреме да ги антиципира работите, затоа што се потроши драгоцено време за државата во неоправдана суета и галопирачка неспособност.

Граѓаните немаат уште години за загуби. И на крај, Заев не може како Пониј Пилат да ги мие рацете за сите неуспеси, а кога зборува за приемот во НАТО заборава да каже дека токму насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа поради мафијашките политики на оваа влада предводена од Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.