ВМРО ДПМНЕ: Заев е на чело на криминалниот октопод, Јанева е само еден од пипците

„Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е Зоран Заев ги протега своите пипци низ секоја пора на македонското општество. Граѓаните се жртва на криминалната банда на власт, која безмилосно работи единствено за своите лични интереси.
Катица Јанева е само еден од пипците на октоподот, без кој Боки 13-ка не би можел да изнудува милионски рекет и да уценува македонски бизнисмени, политичари граѓани“, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.
-На сите во Македонија им е јасно дека главата на криминалниот октопод е аболицираниот Зоран Заев. Ниту еден граѓанин во Македонија не може да поверува дека Зоран Заев не е дел од оваа мега афера. Како би можело човек кој три пати амнестиран за тежок криминал да пропушти ваква криминална зделка или да верува дека лик како Боки 13 без поддршка ја рекетирал или заплашувал цела држава?
Јанева на својата вчерашна прес конференција призна дека СЈО го пртворила во рекетарски бизнис. По скандалот со наводно изгубениот телефон, Катица повторно застана на патот на правдата и истата ја попречи со тоа што не откри кои други лица рекетирале во нејзини име. Со ова таа само ги потврдува сомнежите дека е соучесник во рекетот.
Јанева мора да одговори дали била во контакт со Зоран Заев, со инфамозните Кики и Фрики и за што разговарале на ,,загубениот” телефон?
Таа мора да одговори дали е лично нејзина одлуката за укинување на притворот на бизнисменот Јордан Камчев?
Целата македонска јавност е свесна дека Боки 13 не е најголемиот мафијаш во Република Македонија. Се знае кој е на чело на мафијата во државава, кој е капо ди тути капи и поради кого се плаќа рекет. Јовановски е само еден од пипците на криминалниот октопод на кој главата е Зоран Заев.
Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара по промената на власта во Македонија. Никој нема да биде поштеден, ниту амнестиран, правдата е слепа и таква и ќе остане“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.