ВМРО-ДПМНЕ: Заев е во страв од пораз, законот за ЈО е за негов спас од одговорност

ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение до јавноста ги сподели петте факти на денот во кои објавуваат дека Заев е во страв од пораз, а законот за ЈО е за негов спас од одговорност.

Факти кои го одбележаа денот:

  1. Зоран Заев се плаши од избори и ја држи во заложништво цела држава за да не одговара.
  2. Законот за ЈО кој го турка Заев не е услов за ЕУ, туку за спас од одговорност за сторените криминали.
  3. Филипче доделува милионски тендери на фирма која гради куќа со неговата тешта.
  4. Владата на СДСМ три години не им исплатила обештетување на земјоделците од Арачиново, Стајковци и Брњарци, за штетите од 2016 и 2018 година.
  5. Власта продолжува со предизборниот поткуп. Се распишуваат огласи за партиски вработувања.