ВМРО-ДПМНЕ: Заев го аболираше Рашковски преку медиумите, судот беспоговорно изврши

Премиорот Зоран Заев го аболицираше поранешниот генерален секретар на неговата Влада, Драги Рашковски, преку медиумите, а судот безпоговорно изврши. Рашковски е фатен како со народни пари купил сопствен патент. Постојат сомнежи за десетина набавки на софтвер, а индициите за злоупотреби со народни пари се очевидни. Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него го префрли целиот имот на своите малолетни деца. Што и зошто криел, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Рашковски во паника си ја ишкаше мувата од капата и кога побегна во Мексико мислејќи дека народот ќе заборави. Индициите за сторен криминал се огромни. Медиумите објавија и докази, а Заев упорно го брани својот другар Рашковски, и во изјава за медиуми од позиција на премиер изврши притисок врз правосудните инстанци. Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот како тој денес кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството, велат од партијата.

„ А тогаш Рашковски ќе треба да објасни сѐ, па дури и како дошол до гаранцијата од половина милион евра“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.