ВМРО-ДПМНЕ: Заев го носи народот на гилотиња со мисла дека ќе ја спаси фотелјата

Заев продолжува во стилот ќе јадеме живи луѓе. Овој пат спремен за власт да го носи народот на гилотиња за гола власт и избори час поскоро мислејќи дека ќе има ниска излезност и помал пораз, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев е изолиран и осамен во намерата за брзи избори. Франција и другите развиени демократии, системи кон кои се стремиме ќе одат на избори само со консензус на сите политички чинители и со одобрување на здравствените власти, а Заев сака во време кога смртноста од корона расте да оди на избори. За Заев не се важни граѓаните, туку фотелјата. Да му беа важни граѓаните немаше во ек на корона да штанца лиценци за марихуана на своите блиски луѓе од струмичко.Да му беа на Заев важни државата и граѓаните немаше да дели тендери додека лекарите немаат заштитна опрема и си ја купуваат сами. СДСМ нема план. СДСМ е неспособна и криминогена – велат од ВМРО-ДПМНЕ.