ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки

По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата 2020 година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против коронавирусо, во Македонија ништо не беше на повидок: ниту вакцини, ниту, пакм како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација. Во меѓувреме, ги поделија на граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања“, велат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посокуваат дека доколку министерот за здравство и премиерот сакаат да ги мотивираат граѓаните има безбројни начини милион начини како да го сторат, но оти сепак доцнат премногу.

„Поради нивната неспособност се случи и четврти  бран, поради нивна неспособност не е организиран здравствениот систем за ниту еден бран од почетокот на пандемијата, поради нивната неспособност бројката на починати од корона се движи кон шест илјади починати.  Од 17 октомври ќе почне крајот на политичари како Заев и Филипче“. порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.