ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси

22

Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси, политички реваншизам и нарачани пресуди. На тој начин се обидуваат да рашират страв и да го свртат вниманието од криминалот во кој што заглавија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ уништи се што значи право и правда. Две години само кршење на уставот и законите. Неправото стана пракса, а правосудните органи алатка за прогон на политички неистомисленици.  211 години затвор за обвинетите за настаните од 27-ми април се врв на политичкиот реваншизам. Професионалци и искрени патриоти се судат за дело кое не го сториле. Се кршат нивните човекови права и се злоупотребува институцијата притвор, само да се понижат и заплашат, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта делува надвор од правото.

-Ниту делото за кое ги обвини Русковска обвинителството, а ги осуди Кацарска судството го сториле, ниту пак притворите кои им ги определија се правно издржани. Случајот 27-ми април е инквизиција на 21 век, незабележан во модерна Европа. Неправото и кршењето на законите мора да запре. СДСМ и нивните пулени кои го имаат окупирано системот мора да си заминат. Единствен начин за тоа е победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.