ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шекеринска веќе не знаат што прават

Заев и Шекеринска  веќе незнаат во кој правец тераат и што прават, а нивното деструктивно и детско однесување веќе не можат да го разберат и нивните најблиски соработници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија, воедно посочуваат дела единствената намера на Заев и Шекеринска, очигледно е само одработување на туѓи интереси.

„Криминалците Зоран Заев и Радмила Шекеринска, за кои постојат безброј евидентни докази дека живеат во енормен луксуз, стекнат на нечесен и незаконски начин, откако добија бокс од меѓународната заедница за нивното политичко однесување и откако доживеаа огромен пораз од 200 000 гласови на последните избори, очигледно е дека она што имаат намера да го прават е да работат за туѓи интереси, кои се штетни за Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ за случајот „Македонска банка“  и барањето јавниот обвинител, Марко Зврлевски, да покрене постапка за тоа.