ВМРО-ДПМНЕ: Заев и заевизмот се изворот на кризите, неговите пиони не се решение, потребни се предвремени избори

Народот на последните избори го порази Заев, но и концептот на заевизмот. Затоа поставувањето на пиони на заевизмот, не е решение, туку само продолжување на една погубна и штетна политика, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и заевизмот се изворот на кризите во Македонија и тие не може да бидат во никој случај дел од решението. Концептот на Заевизмот кој длабоко го всади Зоран Заев е причината поради која сме во енергетска криза, здравствено и економско тонење, осиромашување на народот и богатење на елитата околу власта на Заев. Затоа на Македонија и требаат коренити промени. Спроведување на предвремени парламентарни избори е решение на проблемите на граѓаните и државата во кои ги доведе Заев и неговата политика“, потенцираат од партијата.