ВМРО-ДПМНЕ: Заев не е решение, Заев е проблемот поради кој Македонија не може да се извлече од хаосот, криминалот и корупцијата

Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните имаат само криминал и корупција. Во време кога Зоран Заев е премиер зборот правда е мисловна именка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако СДСМ е на власт изминативе години во државата владее само мафија.

Во време на СДСМ овие неколку години се случуваат убиства за кои убијците не одговараат. Останаа низа нерасчистени грабежи и убиства.

Македонија со Заев се најде на врвот на листата на земји со висока стапка корупција на сите светски мерења како на Економист и Транспаренси. А, во исто време падна на листата на Дуинг бизнис, затоа што наместо помош за бизнисот, Заев се пушти во негово уништување, преку рекетот кој подолг период се одвивал во државата, од кој парите, како што рече лицето кое ја носеше торбата со изрекетираните милиони завршиле кај него лично.

Заев не е решение, Заев е проблемот поради кој Македонија не може да се извлече од хаосот, криминалот и корупцијата“- порачуваат од партијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.