ВМРО-ДПМНЕ: Заев се глупира и со тајни служби за да го покрие неуспехот со набавките на вакцините

Од МИ 6 до температура 40 степени, какви се глупости ќе смисли Заев за да го покрие срамот дека сѐ уште нема вакцини?!, ова вечерва преку ракција на ставовите изнесени на Зоран Заев во интервјуто на телевизија Сител го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ништо не го пере Заев од одговорноста дека Македонија нема вакцини. Официјален орган задолжен за здравство е министерството за здравство и комуникацијата треба да се одвива стриктно со производителите. Кој е Заев да се слуша со тајна служби за вакцини, и како тие ќе му помогнат. Македонија има институции кои треба да набават вакцини. Што прави Филипче додека Заев разговара со службите?! Илјадници луѓе починаа, а нивните животи ќе беа спасени, доколку Заев навреме набавеше вакцини, стои во реакцијата на партијата.

Од таму додаваат дека му води ли некој на Заев евиденција какви комуникацик остварува или пак сме жртва како земја на неговата неспособност или можеби разговори со пранкери.

„Заев, колку си сигурен дека се разговарал со тајни служби, а не со некој пранкери? Заев, да не си наседнат пак од некој деца? Заев овојпат ја претера. Македонија умира заради тебе“, се потенцира во реакцијата.