ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше 50 отсто поголеми средства за образованието и науката, а со секој ребалнс ги крати парите

Македонското образование тоне поради неспособноста и неработата на криминалната банда на власт. Оваа школска година не започна на време поради штрајкот на просветните работници кои ги бараат заслужените повисоки плати. Ветувањето  за повисоки плати во образованието се покажа само како уште една ноторна лага на СДСМ, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Учениците првиот школски ден не го поминаа на училиште туку дома, а кога тргнаа на училиште беа пречекани од стари и искинати учебници кои оваа власт не ги замени со нови. Поголемиот дел од училиштата ширум државата се руинирани. Учениците го стекнуваат образованието во катастрофални услови, тоалетите не работат, крововите прокиснуваат, нема ниту греење во зимските денови, ниту ладење кога температурите се високи“, наведуваат од оваа партија и додаваат:

„Криминалната банда на власт на чело со аболицираниот Заев ги излажа граѓаните. Во програмата за живот ветуваа за 50 проценти повисоки средства за образованието и науката, а секоја година со секој нов ребаланс ги кратат средствата наменети за образование“.

Од ВМРО-ДПМНЕ е потенцираат дека власта не само што нема капацитет да го реализира планираниот буџет за образование, туку и она малку што е определено за оваа ставка во буџетот го крати.

„Младите се иднината, а криминалната банда со ваквата негрижа, неработа и неспособност ги демотивира младите кои во се поголем број носат одлука да ја напуштат државата. Тоа значи дека власта не само што ги уништува стандардите во образованието, таа ја уништува и се откажува од иднината на нашата држава. Казната за ова ќе стигне на следните избори, а ќе биде испорачана од македонските граѓани“, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.