ВМРО-ДПМНЕ: Заев во Струмица има ингеренции само за доделување на тендери на својата фамилија

Од владејачката партија велат дека се зачудени како една општина може да биде толку против изградба на театар кој што го ветувал нејзиниот градоначалник, но не го направил.

„Зоран Заев, осум години го ветуваше театарот во Струмица, но не ја ни започна неговата изградба. Цврсто сме уверени дека доколку Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не решеше да започне со изградба на струмичкиот театар, Зоран Заев и понатаму ќе го користеше театарот во своите лаги пред струмичани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

За тоа дали има ингеренции или нема,наведуваат од партијата,  ги повикуваат од општина Струмица  да ги прегледате ветувањата на Зоран Заев каде што ветува дека ќе го изгради овој театар. Оттаму сметаат дека  СДСМ ветува се и сешто, за подоцна кога ќе сфати дека нема капацитет да изгради било што, да се правда со тоа дека општините каде се на власт немаат ингеренции.

„Изгледа, според СДСМ, Зоран Заев во Општина Струмица има ингеренции само за доделување на тендери на својата фамилија и бизнис партнерите на кланот Заеви и да ја користи Општина Струмица и парите на струмичани за свое лично и семејно богатење како и богатење на своите ортаци и функционерите на СДСМ“, потенцираат од партијата.

Граѓаните на Општина Струмица се повеќе можат да го видат правото лице на Зоран Заев и да оценат кој работи за нивните интереси, а кој само се богати од нивните пари.