ВМРО-ДПМНЕ: Заложбите на владата за наводни слободни медиуми се лажни, тие се уценети и притиснати

Протоколарните заложби за слободни медиуми на владата и Роберт Поповски се лажни. Медиумите и газдите на медиумите се уценети и притиснати од полициската алатка на СДС, СЈО, што придонесува за целосен медиумски мрак и пристрасно известување, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Го прашуваме министерот за пропаганда на владејачката партија СДС, платен со парите на граѓаните Роберт Поповски: како ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот?  Вработи над 40 луѓе во владата за да го подобри информирањето, но освен што тие ја чинат државата илјадници евра транспарентноста на владата не е подобрена и зошто се уште се одбегнуваат одговори на вистинските прашања кои ги бара јавноста поврзани со трошењето на јавните пари и давањето на тендери во 4 очи како што беше тоа случајот со вицепремиерот Анѓушев? Има ли подобар пример за рушење на независноста на новинарството од самиот Роберт Поповски кој од првото место во ЗНМ, се најде за одговорен на партискиот прес центар на СДС, за да седне во министерската фотелја, порачуваат од партијата.