ВМРО-ДПМНЕ: Запирањето на градбата на автопатите навестува криминал на СДСМ

Стопирањето на градбата на автопатите од страна на владата предводена од СДСМ отвора сериозен сомнеж дека се спрема и подготвува криминал, предупредија во понеделникот од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид.

Според нив, делумно сатанува збор за неспособност за менаџирање со проектите од страна на самата нова Влада и функционерите коишто ги именуваше СДСМ, но сметаат дека главната причина е сомнежот дека на голема врата се подготвува криминална деценијата.

„Штом првата одлука на министерот за транспорт е стопирање на градба за која се обезбедени пари, многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДС надвор од законите да го добијат вносниот милионски бизнис“,посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека токму затоа министерот Сугаревски и Владата се служат со целосни лаги, но и оти тие се „им распрснува како меур од сaпауница“.

„Тие (СДСМ) посочија дека било направена грешка во проектирање, а проектот е изработен и поради недостиг од капацитети и способност остварен како нереализиран за време на мандатот на владата на СДС 2002 до 2006 година. На крај, пред да отпочне градбата и откако Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства ревизијата го одобри изработениот проект“, посочуваат од партијата.

Според нив, станува „соврешено јасно дека СДСДМ е фатена во офсајд“, како и дека зад прекинувањето на градежните работи на споменатите проекти се крие неспособноста на СДСМ да се носи со конкретниот проект и нивната одлучност да прават криминал од натамошна нивна реализација.

„Како е возможно изградбата да тече без прекин неколку години, а сега откако СДС е на власт уште во првиот месец да застане. Тоа е индикатор дека се подготвува голем криминал кој ќе заврши во џебовите на газдите на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и порачуваат дека кога партијата ќе се врати на власт ќе продолжи со градбата со автопати и ќе го догради автопатот кој сега СДСМ го блокира.