ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на пиунот Ковачевски граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки за парно и струја и за над 1500 денари месечно

Заради неспособноста на пиунот Ковачевски граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки за парно и струја и за над 1500 денари месечно. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат од 500 до 800 денари повеќе за струја и исто толку и за парно греење. Тоа се и до 1500 денари удар врз џебот на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека поголемите сметки за струја и парно се првата мерка на Ковачевски, на која работеше и како заменик министер за финансии, не обезбеди гас, ниту пак се копаше доволно јаглен во РЕК Битола, па за само два месеци од 2021 година од буџетот се одлеаја 86 милиони евра за купување скапа струја.

– Народот веќе прескапо ја плаќа неспособноста на Ковачевски. Наместо нова влада, избори веднаш, се додава во партиското соопштение.