ВМРО-ДПМНЕ: Здравствените мерки на Филипче и власта на СДСМ доживуваат фијаско

На 14 април биле дијагностицирани 26 заболени од Ковит 19. На Велигден 37 новозаболени, а само пред два дена беа дијагностицирани 40 инфицирани. Пред еден месец , за Велигден, Заев, Филипче и владата го прогласија најдолгиот четиридневен карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија посочуваат дека Македонија и натаму е единствената земја во регионот каде епидемијата на коронавирусот наместо да стивнува, сѐ се регистрираа високи показатели на заразени и починати и притоа исткануваат дека само во претходното деноноќие беа регистрирани 16 новозаболени и тројца починати од коронавирусот.

„Состојбата е далеку од нормализирана. Филипче, Заев и СДСМ сакаат да организираат брзи избори, само за да го ублажат поразот, иако секој ден наши граѓани се разболуваат и умираат од корона вирусот. Ним им е битно само да ја зачуваат политичката кариера, а не здравјето и животите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијатам, ваквата ситуација се должи на тоа што на власта „политиката, а не здравството им е приоритет“, па Македонија е рекордер во регионот по смртни случаи на милион жители.

„Заради нивната неодговорност и политиканство Македонија е во врвот по заболени на милион жители. Заради тоа што не сакаат јавноста да ја дознае катастрофалната епидемиолошка слика , Македонија е на дното по спроведени тестирања. Македонија прво мора да ја порази корона епидемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на Зоран Заев и неговата власт“, се истакнува во партиското соопштение.