ВМРО ДПМНЕ: Зголемувањето на акцизата е скандалозно и неодговорно

СДС денес ја соопшти најлошата економска мерка – зголемување на даноците. Во случајов, зголемување на акцизата на горивата за фрапантни 3 денари по литар.

Заедно со ДДВ, тоа претставува покачување од 3,54 денари за литар нафта. Скандалозно и неодговорно, рече на прес конференција , Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС продолжува да ги ограбува граѓаните. Расипништво и неспособноста на СДС ќе ги покриваме сите ние со зголемување на давачките за нафтените деривати.

Владата на СДС од ден во ден тоне во своите лаги. Наместо да скрати на непродуктивните трошоци, СДС одлучи буџетските дупки создадени од расипничкото и неосновано трошење да ги покрие со покачување на акцизите на горивата.

СДС ги излажа граѓаните кога ветуваше дека нема да има покачување на давачките. Покачувањето на даноците е одговор за покривање на буџетската дупка создадена со неспособноста на СДС за водење на економска политика.

Да, почитувани граѓани од јануари 2018 година акцизата на горивата ќе биде поголема за 3,54 денари. Тоа ќе значи директно ставање рака во џебот на граѓаните и одземање на пари од семејниот буџет, рече Данев.