ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ја погреба демократијата во Македонија

На изјавата на премиерот Заев реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев лаже, а кој лаже тој и краде. Зоран Заев ја погреба демократијата во Македонија. Тој не поседува никакви демократски капацитети, а уште помалку европски вредности. Тоа јасно го покажа кога како на тезга со корупција, уцени и закани обезбедуваше мнозинство во Парламентот. Заев е одговорен за газењето на Уставот, законите, демократските процедури и принципи и најважно од се газењето на волјата на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.