ВМРО–ДПМНЕ: Зошто СДСМ се против граѓаните да можат да станат сопственици на својот децениски имот?

Очигледно е дека СДСМ продолжува да изнесува лаги и манипулира со законски решенија кои се донесени во Парламенот на седници на кои тие воопшто не ни присуствуваат, а земаат редовно плата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата Благој Бочварски од СДСМ, кој денеска обвини дека наводно на крајот од мандатот, власта на Груевски гледала да приграби се што може, па владејачкото мнозинство експресно си изгласале можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја…

Од ВМРО–ДПМНЕ посочуваат дека секогаш преку транспаретен процес во кој се вклучени граѓаните, се носат законски решенија се со цел да се подобри квалитетот на живот и да се подигне стандардот на граѓаните. Во една таква постапка беа усвоени и донесени измените во Законот за постапување на бесправно изградените објекти со кои многу граѓани во Република Македонија засекогаш ќе го решат сопственичкото право на објектите.

Очигледно на СДСМ воопшто не им е гајле за граѓаните што ќе ги легализираат објектите покрај струшкото, охридското и преспанското крајбрежје, потоа Тиквешкото езеро и останите вештачки езеро низ Република Македонија.

СДСМ пробува да ја изманипулира јавноста. Не е точно дека Општините ќе бидат прескокани и нема да учествуваат во реализација на законот. Пратениците на СДСМ не присуствуваа на работата на собраниските комисии па и на седниците,  па и оттаму не се информирани дека со овој закон ќе имаат можност да легализираат објекти само тие што претходно имале поднесено барање во општините и за кои постапката ја спроведуваат самите општини. Притоа покрај природните езера ќе се легализираат само индивидуалните куќи за домување кои постојат веќе педесетина година, а не и другите видови на објекти кои се наоѓаат во овие подрачја.

СДСМ изнесува лаги кога вели дека во овие реони нема да се градат водоводи, канализации и улици, напротив во Законот не забранува изградбата на инфраструктурани објекти од овој тип. Со ова дополнително ќе се стимулира изградба на водоводи, канализации, патишта.

Зошто СДСМ имаат против на граѓаните да им се даде можност после 30, 40 и повеќе години да станат сопственици на својот имот  да можат да стопанисуваат со истиот.

ВМРО-ДПМЕ како партија е посветена на решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Пример за тоа е Законот за легализација на бесправно изградени објекти кој беше донесен во 2011 година, а произлезе како барање од грѓаните. Преку овој закон досега се легализирани и запишани во катастарот преку 130.000 објекти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.