ВМРО ќе победи, силно и убедливо – Македонецот не ја витка кичмата и не верува во чуда, но верува во кауза

Нема да ви поминaт ниту оние лаги кои засилено ги лиферувате, како онаа дека вие сте биле помалото зло, бидејќи ВМРО било поголемото, дека ние наводно сме биле антизападна сила, ама вие на чело со Заев – е прозападната. Демантот пристигна од Европската Народна партија, а тој вели – цитат на Мицкоски споделен од ЕНП (EPP):

„Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што ги делиме европските вредности“, истакнува во отвореното писмо до граѓаните на Македонија и до медиумите генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„А ВМРО ќе победи, силно и убедливо, зошто за мене како и за многумина од мојата генерација ова е нашата животна битка. ВМРО, месните, општинските комитети се на нозе! Спремни за обновата за која мораме да се избориме. И ова е најмалу борба за некаква власт, туку борба за иднина во која веруваме дека мораме да ја донесеме. Македонецот не ја витка кичмата и не верува во чуда, но верува во казуа, идеја која не одржала низ времето. Големиот Македонец Гоце кажал „Труд и постојанство, тоа е силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива“!

Ова е битка во која влегувам со целото мое срце, и знам дека ќе победиме. Тоа го должам на сите обесправени, на сите несреќни, на сите со изневрени надежи и оправдани неисполнети очекувања, тоа го должам на моите два сина, на луѓето кои ги сакам, тоа го должам на ВМРО и на Македонија!