Одрон има на патниот правец Неготино – Радовиш на дваесеттиот километар, информираше Илија Бојаровски од Центар за управување со кризи.
– Контактиран е раководителот на Македонија пат во Штип, соопшти Бојаровски.
Тој сподели и хидролошка информација во којашто стои дека и во текот на денешниот ден, како резултат на очекуваните локални интензивни врнежи, можни се локални појави на течење на вода низ градските улици, доколку таму се сконцентрирани врнежите, локални појави на брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и можни појави на свлечишта и одрони.
– Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден, дециден беше Бојаровски.