Внимателно возење кај Буково поради остатоци од кашест снег на коловозот

На планинскиот превој Буково наместа има остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Во северните, западните и југозападните делови од државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а во останатите делови коловозите се наместа влажни.