Сигурносните експерти од „ Cheetah Mobile Security Research Lab“ веруваат дека го откриле најголемото „тројанско“ семејство до сега. Наречено е „Hammer“ (Чекан), а било создадено во Кина каде дневно се инфицирани 63.000 уреди.
Во моментов со него се заразени 1,19 милиони телефони.
А што прави овој вирус? За почеток, влегува во оперативниот систем, ќе ви исфрла реклами и ќе инсталира голем број несакани апликации, игри и малвери. Дури и ако го одинсталирате, тие пак ќе се најдат на вашиот телефон. Ќе пристапат кон мрежата над 10.000 пати во неколку часа и ќе ви потрошат 2 гигабајти мрежа, што ќе ви ги донесе огромни сметки.
При одинсталирање нема да ви помогне ниту антивирусот за Андроид, ниту за ресетирање на телефонот, туку само апликацијата Trojan Killer App.
Меѓутоа, ова не е единствената опасност што му се заканува на вашиот уред. Според известувањето објавено на први јули малверот наречен HummingBad инфицира 10 милиони уреди.
Зад овој малвер стои групата кибер криминалци од Кина, Јингмоб, кои на неа заработуваат 300.000 долари месечно.
Овој малвер инсталира повеќе од 50.000 лажни апликации дневно и прикажува околу 20 милиони реклами на нив. Користи лажни нотификации за да го натераат сопственикот да им овозможи пристаљо и потоа ги добиваат бараните податоци што ги препродаваат на црниот пазар.