Внуката на Мусолини доби најмногу гласови на локалните избори во Рим

Ракеле Мусолини (Rachele Mussolini), внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, доби најголем број гласови на локалните избори во главниот град Рим одржавни во неделата и понеделникот, според речиси конечните резултатит објавени во средата.

Четириесет иседумгодишната Ракеле Мусолини, кандидатка на крајно десната партија Италијански браќа (FdI) добила повеќе од 8.200 гласови по пребројувањето на гласовите на повеќе од 97 изборачки места, што поединечно е најмногу од сите кандидати.

Таа, меѓутоа, инисстира дека нејзиното презима нема ништо со нејзините избори успеси, а ова ќе ѝ биде вториот мандата на во советот на Рим.

„Личноста е поважна од презимето, колку тоа и да има тежина. Имам многу пријатели во левицата“, изјави Мусолони за дневниот весник La Repubblicа.

Нејзиниот поичинат татко Романо Мусолини беше џез пијанист и девер на славната актерка Софија Лорен. Романо е четвртото дете на Бенито Мусолини.

И други потомци на Мусолини се занимаваат со поликата, и сите се во десните партии, како што е и полусестрате на Ракеле, Алесандра Мусолини поранешна членка на Европскиот парламент.

Партиите од десницата релативно слабо минаа на овие локални избори, губејќи ја трката во клучните градови како Милано, Наполи и Болоња.

Во Рим на 17-ти и 18-ти октомври ќе се одржи вториот круг од изборите за градоначалник на кои ќе се соочат кандидатот на десницата Енрико Микети, адвокат и радио-водител, и кандидатот на левиот центар поранешниот министер за финансии Роберто Гѕалтиерио. Микети во првиот круг доби 30 отсто од гласовите а Гуалтиери 27 отсто, но вториот според повеќе анкети се смета за фаворит поради прелевање на гласовите од другите кандидати.