21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Внукот на Eскобар во ѕид пронашол 18 милиони долари, но не може да ги троши

Внукот на покојниот лидер на колумбискиот нарко картел, Пабло Ескобар, открил 18 милиони долари, објави во средата мрежата „Red Mas Noticias“..

Николас Eскобар изјави дека парите биле скриени во ѕидот од куќа во Mеделин, градот во кој Пабло Ескобар имал седиште.

Внукот раскажал дека парите се наоѓале во пластична кеса, а банкнотите стари со децении биле во толку лоша состојба што се неупотребливи.

Во торбата имало и злато, комуникациски уреди, записи, машина за пишување, пенкало и камера со филм што не може да се развие.

Се проценува дека еден од најбогатите криминалци во историјата, Eскобар, имал милијарди долари годишен приход.

Обвинет за околу 6.000 убиства, водачот на нарко картелот беше убиен во 1993 година, на 44 годишна возраст во Mеделин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.