Во 10 часот седница за реконструкција на Влада, во 11 часот пратенички прашања

Собранието за денеска има закажано две седници. Во 10 часот треба да ја продолжи 104. седница на чиј дневен ред е реконструкцијата на Владата, а во 11 часот е закажана нова седница за пратенички прашања.

Доцна синоќа беше прекината 104. седница на која се расправа за разрешувањето на министрите, а на оваа седница е и назначувањето на новите министри Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

На оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток од месецот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.