Во 12 случаи намерно се запалени автомобили во Штип

Кој да биде главен на пазарот со наркотици е причината за најголем број од запалените автмобили во Штип. Лани изгореа дури 27. За 12 од нив  е утврдено дека се намерно запалени, за другите е во тек вештачењето.

Расчистен  е само еден случај. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој денес беше во Штип вели дека на помош на штипските полицајци ќе им дојдат колеги од организиран криминал од Скопје.

Се уште се енигма за јавноста мотивите за палењето на возилата на поранешниот престедател на СДСМ Никола Тушев, кога освен неговиот настрада и автомобилот на неговиот татко и други три автомобили пакирани пред зградата.

Што се однесува до екс началникот на СВР Штип Љупчо Трајковски, кој е обвинет како дел од група за шверц на мигранти, а по суспензијата е вратен  како советник во Бирото за јавна безбедност, Чулев вели дека додека не заврши судската постапка тие не можат да направат ништо, но се во координација со внатрешната контрола на МВР и обвинителството.