Во 17 часот излезноста малку над 38 проценти

44

По обработените податоци од 99,75 отсто од вкупниот број гласачки места, излезноста во вториот круг од претседателските избори во 17 часот во неделата изнесувала 38,26 проценти, што укажува дека во преостанатите два часа ќе биде надминат цензусот од 40 проценти.

Според тоа, досега 690.082 гласале граѓани со право на глас од вкупно 1.808.131 гласачи во Избирачкиот список. а да биде успешен вториот круг, односно севкупно претседаетлските избори, неопходно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно точно 723.252 гласачи.

Висока излезност е забележана во Македонски Брод 61,29 отсто, потоа Крива Паланка со од 61 отсто, Ранковце 58,56 проценти.Во Демир Капија до 17 часот гласале 60.28 отсто од гласачите, во Неготино 55,98, Кавадарци 5,.23, а во Росоман своето право на глас го оствариле 54 проценти од лицата запишани во единствениот избирачки список.

Ниска излезност има забележано во Боговиње 14,04 потоаВрапчиште 15,83 и Гостивар 19.59.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.