Во 2019-та Samsung продал 6,7 милиони паметни телефони Galaxy 5G

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics“ извести во петокот дека минатата 2019 година продал повеќе од 6,7 милиони паметни телефони од моделот Galaxy 5G, со што го зацврсти статусот на најголем светски производител на мобилни уреди од петтата генерација 5G.

Оваа висока бројка испорачани мобилни телефони му овозможила на „Samsung“ да заземе речиси 54 отсто од глобалниот пазар на 5G паметни телефони, пресметале јужнокорејските медиуми.

Минатата година „Samsung“ ја започна продажбата на пет нови модели паметни телефони „Galaxy 5G“, вклучително и „Galaxy S10 5G“, „Note 10 5G“ и „Galaxy Fold 5G“,

„За Samsung 2020 година ќе биде година на Galaxy 5G . Возбудени сме бидејќи ќе развиеме уште повеќе категории уреди од оваа генерација и ќе ги запознаеме луѓето со можностите на мобилните телефони за кои никогаше не мислеле дека се можни“, изјави Рох Тае-мун од одделот за истражување и развој на компанијата.

Од „Samsung“ објавија дека на домашниот пазар во Јужна Кореја во првото тримесечје од 2020 година планираат да ги претстават моделот на таблетот „Galaxy Tab S6 5G“.

Аналитичарите специјализирани за индустријата на мобилни уреди сметаат дека глобалната продажба на 5G паметни телефони годинава нагло ќе порасне, имајќи предвид дека операторите на телекомуникациските услуги ги развиваат 5G мрежите.

„Паметните телефони 5G сочинуваа само еден отсто од глобалната продажба на паметените телефони во 2019-та, но 2020-тата ќе биде пресврт. Продажбата на паметните телефони 5G остро ќе сконке, а уделот на продажбата на смартфоните во вкупната глобална продажба ќе се зголеми на 18 отсто“, вели Нил Шах, директот на „Counterpoint Research“.