Во 93-та година почина наследничката на јувелирската династија Булгари

Ана Калисони Булгари, една од наследничките на италијанската династија Булгари, светски прославена по изработката на скап и уникатен накит, починала во петокот во градот Априлија близу Рим, во 93-та година од животот, потврди во неделата портпаролката на семејството.

Името на Ана Булгари не се симнуваше од насловните страници во 1983 година, кога таа и нејзиниот син Џорџо, тогаш на тинејџерска возраст, беа грабнати од семејниот имот. Грабнувачите ги држеа во заточеништво со седмици, пред да ги ослободат откако за нив беше платена откупнина.

Италијанските медиуми во неделата потсетуваат дека грабнувачите на тогашното 17-годишно момче му отсекле дел од увото и го испратиле до семејството Булгари, за да го заплашат и да го принудат што поскор да го плати откупот.

По овој настан, за кој медиумите своевремено пишуваа дека има и идеолошка заднина, Ана Булгари живееше многу повлечено. Нејзиниот покоен сопруг од 2001 година, генералот Франко беше градоначалник на Априлија, јужно од Рим.

Италијанката јувелирска компанија „Bulgari“ во 2011 година беше купена од француската компанија LVMH – Louis Vuitton Moet Hennessy.