Во Јадранското Море имало 77 земјотреси во последните 63 часа

Албанија денеска за половина час ја погодиле два земјотресa со јачина од 4,5 и 4,9 степени според Рихтер. Последниот бил забележан во 11:52 часот, што според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил 77. земјотрес во Јадранското Море, што се почувствувал во последните 63 часа.

Епицентарот на земјотресот бил 39 километри западно од Тирана.

17 people are talking about this

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Албанија е зголемен на 41, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита повредени се 658 лица.

Синоќа, десет минути пред полноќ, во Црна Гора се почувствувал земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, тресејќи ја истата област каде што беа регистрирани повеќето земјотреси во вторникот.