Во АЕК ќе рипнат платите за 20 проценти, иако просекот е 58 000 денари

На само десетина дена пред крајот на 2018, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), донела одлука да ги зголеми платите на вработените од јануари годинава, но тоа се обиде да го сокрие од јавноста, објави Телевизија 24.

Телевизијата дошла до записникот на Комисијата што управува со АЕК, која на 19 декември заклучила дека платите на вработените се непроменети од 2015 година и треба да се зголемат, иако просечната плата во регулаторното тело изнесува дури 58.000 денари.

Членовите на комисијата во соработка со службите на Агенцијата ја разгледаа одлуката за утврдување на висината на основната плата на вработен во АЕК, која се утврди дека е донесена во јуни 2015 година. Но во меѓувреме просечна месечна исплатена нето-плата по вработен на ниво на Македонија се зголемила за 9%, па Комисијата донесе одлука за промена односно зголемување на платите на вработените за 5% и тоа со важност од 01.01.2019 година, стои во записникот на Комисијата на АЕК.

Но, Агенцијата за електронски комуникации донела одлука годинава да ја зголеми ставката за плати, не за 5 проценти како што стои во записникот, туку за цели 20 насто. Според записникот, АЕК планира да преземе само еден административен работник од друга институција, а не се најавени нови вработувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.