Во Аеродром ќе се гради голем православен крст

По повод христијанскиот празник Свети Никола, во присуство на голем број православни верници официјално почна изградба на Македонскиот православен крст во општина Аеродром, во близина на средното училиште „Марија Кири-Склодовска“, меѓу булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“.

Чинот на осветувањето на камен-темелникот на крстот го извршија високосвештени лица на Македонската православна црква.

Крстот ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк четири  метри, со распон на краците по 15 метри, вкупно 34 метри, поставен на постамент во висина од 5,5 метри на две нивоа се галерии, иконостас за верски обреди и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена електрична инсталација за енергетска самоодржливост.

Инвеститор на Македонскиот православен крст е Светскиот Македонски Конгрес, а донатори се Македонци и македонски компании од земјата и од странство. „Крстот е легитимација на Македонија пред светот“, изјави лидерот на СМК, Тодор Петров на официјалното поставување на каме-темелникот.

 

Се очекува крстот да биде изграден до крајот на март 2014 година.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.