Во Африка бројот смртни исходи од коронавирусот надмина илјада

Бројот смртни исходи од заболувањето Covid-19, предизвикано од новиот тип коронавирус, во Африка достигна 1.016 лица, објави во саботата на својот портал континенталната организација Африканска унија.

Севкупниот број заразени со коронавирусот во 52 африкански држави земји денеска изнесува 19.895 луѓе, од кои оздравеле 4.462 лица.

Најмногу заразени се регистрирани во Северна Африка – 8.746 од кои починале 743, а оздравеле 1.829 пациенти. Во Египет се регистрирани 2.844 случаи на зараза и 205 смртни исходи, додека во Алжир има 2.418 заволени од кои 362 пациенти починале.

Во Западна Африка забележани се 4.404 сличаи на инфекцијата со короанвирусот, од кои има 118 смртни случаи, додека 1.233 пациенти оздравеле. Најголем број заразени во овој дел од конфитентот има во Брегот на слоновата коска – 742, додека намногу починати бележи Буркина Фасо – 35 луѓе.

Во регионот на Јужна Африка потврдени се 2.979 случаи на Covid-19 од кои починале 61 лице, а оздравени се 955 пациенти. Најмногу од заболените се во Јужноафриканската Република – 2.783, каде што се пријавени 50 смртни исходи.

Во Источна Африка се евидентирани 2.058 случаи на коронавирусот, 41 починат и 393 заздравени пациенти. Најголем број заразени во овој регион се регистрирани во Џубути – 732, а починати во Кенија – 11 луѓе.

Во Централна Африка откриени се вкупно 1.708 случаи на заболувањето предизвикано од коронавирусот, починале 54 лица а оздравел 232 пациенти. Најмногу се заразени во Камерун – 1.016, а намногу смртни исходи има регистрирано во Демократска – Република Конго – 25 случаи.