3.8 C
Skopje
петок, ноември 8, 2024

Во Албанија 101 новозаразен и петмина починати од коронавирусот

Во последното деноноќие, во Албанија повторно е забележана троцифрена бројка новозараени со коронавирусот, висока бројка на оздравени, како и пет починати пациенти.

Споредено со ден претходно, кога за првпат во август беше забележана двоцифрена бројка новозаразени во едно деноноќие, во изминатите 24 часа регистрирани се 101 нов случај на коронаинфекција. Половина од новозаразените или 51 се во главниот град Тирана, 10 во Лежа, додека во Драч, кој беше второ жариште на болеста, регистрани се само три случаи, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Истовремено расте и бројот на оздравените. Така, во последното деноноќе во списокот на оздравени впишани се 119 или 5.139 од вкупно заразените 9.380 лица. Во изминатите неколку дена бројот на оздравени е повисок од оној на новозарани, а рекордна бројка на оздравени беше регистрана завчера, односно 132 лица.

Во последното деноноќие починале пет пациенти или 280 до сега, што е речиси костантна дневна бројка во овој месец.

Активни на болеста се 3.961, од нив 178 се хоспитализирани во двете Ковид болници, при тоа 25 се во тешка здравствена состојба.