Во Албанија 281 новозаразен од направени 1.276 тестови на коронавирусот

Продолжува да се зголемува бројот на новозаразени во Албанија, паралелно со поголемиот бро направени тестови на дневно ниво.

Во изминатите 24 часа од направените 1.276 тестови, позитивен резултат е добиен кај 281 од нив што е околу 23 отсто од тестираните. Најголем број од новодијаганостицираните се од Тирана или 151, потоа Корча со 30 и Фиер со 18 новозаразени, информираше во неделата албанското министертво за здрвство и социјална заштита.

Истовремено заздравеле 70 лица или вкупно досега 10.071 пациенти, а ја изгубиле тројца пациенти или вкупно 451 луѓе.

Се зголемува и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 256 пациенти, од нив 25 се на интензивна терапија додека петмина се интубирани.

Познати епдемиолози и понатаму сметаат дека бројот на направени тестови дневно треба да бидат до 2.500, со цел да се отслика реалната епидемилошка состојба со опасниот вирус.

Од министертвото информираат дека подготвени се за прием на пациенти уште четири ковид болници, а доколку има потреба ќе бидат оспособени неколку регионални болници.

Досега во земјата направени се 107.369 тестови, позитивен резултат е добиен кај 17.055, активни на болеста се 6.533 лица