Во Албанија нови 16 случаи со Ковид- 19, вкупно 259 лица

Во Албанија во последните 24 часа дијагностицирани се нови 16 случаи со „Ковид- 19“, со што бројот се зголеми на 259 лица.

-Во последните 24 часа се тестирани 152 сомнителни, од кои се потврдени 16 нови случаи на „Ковид-19“. До денеска 1.823 сомнителни случаи биле тестирани и потврдени позитивни со 259 случаи. Просечната возраст на позитивните случаи е 50 години. Бројот на излекуваните е 67 а на починати 15 лица, изјави Силва Бино од Институтот за јавно здравје.

Според неа во Инфективната клиника во Тирана се 79 пациенти, од нив седум се на интензивна терапија , додека четворица од нив се интубирани. Останатите се во стабилна состојба..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.