Во Албанија околу 30 отсто од тестираните позитивни на коронавурисот

24

Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 557 новозаразени со Ковид-19, но и бројот на тестирани е речиси двојно помал, споредно со вчерашниот ден кога беше забележан нов негативен рекорд на заразени.

Сепак, процентот на новозаразени во однос на тестирани е речиси идентичен, односно околу 30 отсто.

„Во изминатите 24 часа битката со опасниот вирус ја загубија 12 лица во болнички услови или 810 до сега. За среќа битката ја добиле 368 или 18.849 од вкупно заразените 38.182 лица. Ве замолуваме избегнувате било какво групирање, да ги ограничите контактите и движењето, носете заштитна маска насекаде освен во вашите домови, одржувајте хигиена“, апелира Министертвото за здравство и социјална заштита.

Во текот на денов, сепак, главна тема во земјата е самоубството на уште еден ковид пациент со скокање од балкон на болницата во Тирана каде што бил хоспитализран, што е петти случај од средината на август до сега.

Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, смета дека тоа е катастрофална последица на несоодветното менаџирање на состојбата.

„Самоубиства во болница не се случиле во ниту една друга земја, туку само во Албанија, затоа може да се нарече албански феномен, што треба добро да се истражи.Тоа се поврзува со еден голем албански проблем во третирањето на овие болни и односот кон нив поради комплексните причини кои доведуваат до самоубиство, во болниците мора да има вработено психолози. Поради комплексните причини кои доведуваат до самоубиство, во болниците мора да има вработено психолози“, смета Шеху.

Додава дека зачестените самоубиства на ковид пациенти во болнички услови е уште една потврда на тоталниот неуспех во справувањето со пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.