Во Албанија повеќе од 2.100 потреси по катастрофалниот од 26 ноември

За неколку недели од разорниот земјотрес, што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, со јачина од 6,4 степени според рихтеровата скала, регистрирани се повеќе од 2.100 потреси со различна јачина.

-Над 2.100 потреси се регистрирани во Одделот за сеизмологија, по земјотресот на 26 ноември. Последниот е почувстван во четвртокот со јачина од 4,7 степени според Рихтер, изјави Реџеп Кочи,шеф на одделот за сеизмологија.

Според него периодот на целосно смирување на тлото трае од еден до неколку месеци и додава дека се очекува „сеизмичката активност да биде нормална и секогаш со помал интензтет“.

-За да се мониторираат последователните потреси, по оној главниот, од Каваја до Лежа, се инсталирани 30 сеизмометри, кои ќе дадат повеќе информации за главниот потрес,вели Кочи.

Тој се задржува и на појавата на распукување на земјата, од неколку сантиметри до половина метар и повеќе, како и феноменот на појава на вода.

-Тоа познат феномен во подрачја каде седиментот е мек и со присуство на вода.Тоа се манфестираше во неколку села северно од градот Драч,изјави Кочи.

Како најнесекојдневна појава сепак се издвојува онаа во селото Јуб, кај Драч, каде распукала земјата во должина од неколку километри,ширина од метар, се чувствувал мирис на гас,а површината на земјата покриена со глина. Низ целото село имало длабоки дупки.