Во Албанија продолжува полицискот час и забраната за летови со Велика Британија

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата со ковид-19, по анализата на состојбата во последните две недели, одлучи да остане во сила одлуката за полицискиот час, што секоја ноќ трае од 22 до 6 часот.

– Полцискиот час, што беше воведен на 11 ноември, продолжува, бидејќи од направената анализа се гледа дека има зголемување на новозарзените, што е последица на групирањата за новогодишните и божикните празници и присуството на иселениците. Во овој двонеделен период се зголеми и бројот на хоспитализирани лица во ковид болниците – информираше вечерва министерката за здравство Огерта Манастрлиу, по средбата на Комитетот, чиј член е и таа.

Додаде дека до следна одлука продолжува и онлајн наставата во универзитетите, а забраната за летови со Велика Британија до први февруари.

– Во периодот од 2 до 15 јануари инциденцата бележи зголемување за 260 нови случаи на 100 илјади жители. Што се однесува до бројот на хоспитализирани пациенти, повторно се соочуваме со зголемување. Иако не сме во алармантна состојба, сепак, мора да бидеме многу внимателни за да спречиме какво било натамошно зголемување. И случаите на пациенти примени на интензивна нега, исто така, се зголемија – рече мнистерката.

Она што посебно загрижува е фактот што новозаразените во последните две недели се главно од 15 до 24-годишна возраст.

Во извештајниот период дневно се правеле многу повеќе тестови, а четирите ковид болници, како што рече, работат без прекин во служба на граѓаните. Досега, според неа, нема регистриран случај со новата варијанта на коронавирус, евидентран во Велика Британија.