Во Албанија регистрирани нови 29 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 333 лица

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, но и на излекуваните и починати лица.

– Во последните 24 часа тестирани се 216 сомнителни случаи од кои 29 се позитивни, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 333 лица. Просечната возраст на заразените е 50 години. Добра вест е што во последните 24 часа излекувани се 10 пациенти, со што бројот на излекуваните се зголеми на 99 лица, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.

Додаде дека за жал регистрирана е уште една жртва, со што бројот на починатите се зголеми на 18.

Станува збор за 67-годишен маж од Тирана, кој 13 дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника, а во последните шест дена бил интубиран.

Дервиши информираше дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндрочи“ хоспитализирани се 71 пацент, од нив шестмина се на интензивна терапија, додека тројца се интубирани.

Во Албанија досега тестирани се 2.247 сомнителни случаи, а од 333 дијагностицирани најголемот број или 157 се од Тирана. Бројот на заразените денеска е најголем од појавата на вирусот.