Во Албанија се зголемува бројот на пациенти кои болнички се лекуваат од Ковид-19

64

Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 53 новозаразени со Ковид-19, 12 оздравени и еден починат пациент.

Со последните 320 тестови, од почетокот на пандемијата во земјата до сега се направени 23.126 тестирања при што досега позитивни се 1.891 лице, закрепнале 1.126, а починале 43 луѓе.

Во моментов во Албанија има 722 активни случаи на Ковид-19.

Според Министерството за здравство и социјална заштита се зголемува бројот на лицата кои болнички се лекуваат. Моментално на Инфективната клиника во Тирана има 63 пациенти, меѓу нив и лица од 30 до 40 годишна возраст. Од нив седуммина се интензивна нега, додека двајца се поставени на респираторна машина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.