9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Во Албанија за пет дена регистрирани 1.300 земјотреси

Од утрото на 26-ти ноември кога во Албанија беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала до неделата се регистрирани 1.300 помали земјотреси во Драч и другите делови на земјата, изјави албанскиот сеизмолог Рапо Ормени.

Додаде дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија по главниот потрес.

„Луѓето треба да се навикнат на земјотреси затоа што не доживеале толку силен земјотрес, како оној што ја погоди земјата на 26-ти ноември, во последните 40 години“ рече Ормени.

Според него треба да се земе предвид дека трите денешни попладневни потреси се со интензитет над пет степени според Рихтеровата скала, 25 над четири степени и 130 земјотреси над три степени регистрирани од апаратите, останатте се со јачина од три и под три степени.

„Нормално е енергијата да се ослободува од сеизмичката зона. Потребно е ослободување на енергија и потреси. Нема причина луѓето да паничат“, рече Ормени и посочи дека последователните земјотреси не предизвикале никаква штета