Во Албанија нема опасност од радикализација на исламот

Во Албанија не постои значителна радикализација на исламската младина, но ситуацијата е поинаква во Косово и во Босна и Херцеговина каде што е поголемо влијанието на исламските екстремисти, објави денеска австриската агенција АПА.

Оваа агенција наведува дека иако австрискиот контингент во редовите на КФОР тврди дека не забележува никаква радикализација во Косово, неодамна се уапсени 40 џихадисти и се проценува дека околу 200 Косовци во моментот се во редовите на „Исламската држава“ (ИД), пренесува Танјуг.

Австриската агенција го цитира игуменот на манаија на стирот Дечани, Сава Јањиќ кој тврди дека исламот во Косово е умерен, но, дека влијанието на вахабистите е силно.

Тој опасност од радикализација гледа и во Санџак и во Македонија.

Римокатоличкиот бискуп во Тирана, Рок Кола Мердита не гледа опасност од исламизација.

– Во Албанија владеат толеранција и хармонија, тврди тој, додавајќи дека постојат млади кои биле изложени на „перење мозок“, но нивниот број не е голем.

Така муслиманите од Велика Британија изградија џамија, која не е призната од албанските исламски надлежни власти. Многу млади Албанци студират со исламски земји, основана е екстремистичка клетка, но, тукашните власти се многу внимателни, наведува бискупот.