Во Алжир убиени двајца туристи

Двајца туристи кои со скутери на вода од Мароко залутале во водите на Алжир, се убиени од алжирската крајбрежна стража.

Убиените туристи биле се француско-марокански двојни државјани кои заедно со уште двајца тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа.

Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Само еден од туристите успеал да се врати во Мароко по што изјавил дека групата се изгубила и останале без гориво.

Мохамед Киси е единствениот од групата што се врати во Мароко, пренесува новинската агенција АФП, цитирајќи ги мароканските медиуми.
– Се изгубивме, но продолживме додека не се најдовме во Алжир. Знаевме дека сме во Алжир бидејќи кон нас дојде црн алжирски гумен чамец, а оние што беа на бродот пукаа кон нас – изјавил Киси.

Неговиот брат Билал и еден од неговите пријатели биле убиени, а третиот бил ранет во инцидентот.
– Фала му на Бога, не бев погоден, но го убија мојот брат и мојот пријател – додаде тој.

Киси негираше дека групата се обидела да избега кога ги открила крајбрежната стража, велејќи за локалните медиуми дека неговиот брат се обидел да разговара со официјални лица пред да биде застрелан.

– Го уапсија мојот друг пријател. Пет куршуми ги погодија мојот брат и мојот пријател. Другиот мој пријател беше погоден со куршум – сведочи Мохамед Киси.

Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плута во морето.

Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.