Во Англија над 1.000 случаи заболени со нов вид на коронавирус

Во Англија е откриен нов мутирана вид на коронавирус. Според секретарот за здравство Мет Хенкок кој денес во Долниот дом говореше пред пратениците, новиот вид на коронавирус е регистриран во најмалку 60 различни локации, пренесе Би-Би-Си.

„Во моментов идентификувавме над 1.000 случаи инфицирани со овој вид, претежно во Јужна Англија, иако случаите се идентификувани во скоро 60 различни области.“

Хенкок рече дека Светската здравствена организација е известена, а британските научници прават детални студии. Тој не сакаше да коментира дали вакцината ќе има ефект и против овој вид на коронавирусот.

На пратениците им рече дека во текот на минатата недела имало нагло зголемување на инфекциите со коронавируси низ Лондон, Кент, делови од Есекс и Хертфордшир.

Професорот Алан МекНали, експерт на Универзитетот во Бирмингем, рече дека лабораториите за тестирање во Велика Британија го забележале овој нов вид во последните неколку недели.

Тој за Би-Би-Си изјави: „Да не бидеме хистерични. Не значи дека е попреносен или поинфективен или попасно. Тоа е нешто што треба да се внимава. Се вложуваат големи напори за да се карактеризира видот со варијантата и се разбере нејзиното појавување. Важно е да се задржи мирна и рационална перспектива за видот, бидејќи тоа е нормална еволуција на вирусот и очекуваме нови варијанти се појавуваат и исчезнуваат со текот на времето.“

Доктор Џереми Фарар, директор на Wellcome, рече дека оваа појава е потенцијално сериозна. „Надзорот и истражувањето мора да продолжат и мора да ги преземеме неопходните чекори за да останеме пред вирусот.

Џонатан Бол, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот во Нотингем, рече: „Генетските информации кај многу вируси можат да се променат многу брзо и понекогаш овие промени можат да имаат корист од вирусот – дозволувајќи му да се пренесува поефикасно или да избега од вакцините или третманите – но многу промени воопшто немаат ефект.“