Во Анкара преговори меѓу претставници на Русија и САД

Во Анкара денеска се водат преговори меѓу руска и американска делегација, јавија повеќе светски медиуми повикувајќи се на рускиот весник Комерсант.

Весникот, повикувајќи се на свој извор, пишува дека во руската делегација е и директорот на руската Надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не може ниту да ги потврди ниту да ги демантира информациите за разговорите во Анкара, пишува Комерсант.

Руската и американската делегација последен пат се сретнаа во Женева на 10 јануари за да разговараат за безбедносните гаранции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.