Во анкета на „Еуроспорт“, Ѓоковиќ подобар од Федерер

За време на пандемијата со Ковид 19, телевизискиот спортски магнат „Евроспорт“ организираше анкета за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња. На гласањето учествуваа повеќе од еден милион гласачи, додека на крајот Новак Ѓоковиќ беше подобар од Роже Федерер.

Српскиот тенисер собра 900 илјади гласови повеќе од Федерер, па според „Евроспорт“, ова е победа со два чисти сета или 6:0 и 6:1 во игра.

Инаку, Ѓоковиќ има освоено 17 титули од големите турнири, или три помалку од Роже Федерер, додека во директни дуели, српскиот тенисер има позитивен биланс со 27 победи и 23 порази.