Во Антикорупциска нема нови позитивни на Ковид-19

21

Нема нови позитивни на коронавирус во Комисијата за борба против корупцијата. Тестовите кои вчера ги направија антикорупционерите, како што дознава Телма, покажале дека тие се негативни на Ковид-19. Сепак оние кои вече добиле решение за самоизолација ќе ја испочитуваат оваа мерка до крај, дознава Телма. На коронавирус не се тестирал само еден член на Комисијата, како и еден од вработените на секретаријатот.

Минатата недела четворица вработени во секретаријатот на Комисијата беа потврдени дека се носители на вирусот, а со кои членовите на Комисијата имале состанок и биле во постојан контакт. Исто така потребата за проверка на Антикорупционерите за коронавирус се наметна и откако градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов, објави дека е заболен, а со кого минатата недела дел од членовите на Антикорупциска комисија имале состанок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.